Стар Завет · Четврта книга Мојсеева (Броеви)
Службата на свештениците и левитите и нивната издршка.
Земи ги кај себе браќата твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете кај скинијата на сведоштвото и да пазат на тебе и на скинијата; само да не се доближуваат до светите сосуди и до жртвеникот, за да не умрете и вие, и тие. Нека бидат тие при тебе и да ја чуваат скинијата на сведоштвото, и на сите работи во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе.
Прочитај на изворот →