Стар Завет · Книга Естира
Вчудоневиденост и пост кај Евреите; молитвата на Мардохеја и Естира.
„Оди, собери ги сите Јудејци, што се наоѓаат во Суза, и постете за мене, и не јадете, ниту пијте три дена, ни дење ни ноќе, и јас со слугинките свои исто така ќе постам и потоа ќе одам при царот, иако е тоа и против законот, па ако загинам – нека загинам.” Тогаш отиде Мардохеј и направи, како што му порача Естира. Вака Му се молеше тој на Господа, спомнувајќи си за сите Господови дела и велеше: „Господи, Господи, Царе Седржителу! Сите се во Твоја власт и нема, кој да Ти се противи, кога ќе посакаш да го спасиш Израилот: Ти си ги создал небото и земјата, и сè што е чудно под небото; Ти си Господ на сите, и нема таков кој би се противел на Тебе, на Господа. Ти знаеш сè; Ти знаеш Господи, дека не поради навреда и не поради гордост, не поради слава јас го вршев тоа, што не му се поклонував на горделивиот Аман, зашто јас доброволно би му ги бакнувал стапките на нозете негови за спасение на Израилот; но јас го правев тоа, за да не му воздадам на човек слава поголема од Божјата слава и да не му се поклонувам никому, освен на Тебе, мојот Господ; јас не го правам ова од гордост.…
Прочитај на изворот →