Неодамна се беа вратиле од ропство, неодамна се беше собрал целиот јудејски народ и ги беа осветиле осквернетите садови, жртвеникот и домот на Господа. Затоа…
Стар Завет · Книга Јудита
Молитвата на Јудита.
„Господи, Боже на мојот татко Симеона, чија рака Ти ја вооружи со меч да им се одмазди на туѓинците, кои заради срам беа соблекле една девојка, и ги разголија бедрата и ја осквернија утробата нејзина за срам. Ти рече дека тоа не смеат да го направат, но сепак тие го направија. Затоа ги предаде нивните кнезови да бидат заклани. Постелата нивна што ја виде измамата нивна – ја облеа со крв. Ти удри по робовите и господарите; удри по владелите на нивните престоли. Нивните жени на грабеж ги предаде и ќерките во ропство, а сиот грабеж им го даде на синовите возљубени од Тебе, кои ревнуваа со Твојата ревност, се одвратија од нечистотијата на нивната крв и на помош Тебе Те повикаа. О, Боже, Боже мој, послушај ме мене, вдовицата! Ти си го направил и она што беше пред тоа, а ќе го направиш И она што ќе биде по тоа, а на ум го имаш и сегашното и идното; што си намислил – тоа и станува.
Прочитај на изворот →