Стар Завет · Книга Мудрост Сирахова

Молитва за спасение и обнова на Израел.

Смилувај се, Господи, на народот именуван според името Твое, и Израел, кој првенец го нарече. Умилостиви се над градот на Твојата светиња, над Ерусалим – место на спокојот твој. Исполни го Цион со похвали на Твоето ветување, а со славата Твоја – народот Твој. Сведоштво дај им на оние, коишто од почетокот беа наследство Твое и исполни ги пророштвата, објавени во Твое име. Награди ги оние што се надеваат на Тебе и нека поверуваат во Твоите пророци. Господи, послушај ја молитвата на твоите слуги спрема благословот на Арон, за народот Твој. Та сите што живеат на земјата да познаат дека си Ти Господ, вечниот Бог.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Благодарствена химна.

Тогаш си спомнав за милоста Твоја, Господи, и за делата Твои уште од почеток, дека ги спасуваш оние што на тебе се надеваат, ги спасуваш од непријателски раце.