Стар Завет · Книга Мудрост Соломонова
Молитва за мудрост.
Ти ме избра за цар на Твојот народ, за да им судам на Твоите синови и ќерки Ти ми рече да изградам храм на Твојата света гора и жртвеник во градот на твоето живелиште, слични на Светата Скинија, која си ја подготвил од самиот почеток. Со Тебе е премудроста, која ги знае твоите дела, таа беше таму кога си го создавал светот, знае што е годно пред твоите очи и што е право според твоите заповеди. Испрати ја од твоите свети небеса, испрати ја од престолот на Твојата слава, за да ми помага во моите трудови и да знам што е угодно пред Тебе
Прочитај на изворот →