Стар Завет · Книга пророк Авакум

Пророковата молитва полна со радосна надеж.

Господи, чув вест од Тебе и се уплашив. Господи, запази го делото Свое меѓу години, објави го во текот на годините, а во гневот Свој сети се на милост. Бог дојде од Теман и Светецот од гората Фаран. Величието Негово ги покри небесата, и славата Негова ја исполни земјата. Болскотот Му е како сончева светлина, а од рацете Негови зрачи, и тука е скривалиштето на Неговата сила. Пред лицето Негово врви поразија, а по стапките Негови ветар што гори. Он стана и земјата се затресе; погледа – и во трепет ги доведе народите; одамнешни планини се распаднаа, првобитните ридови се урнаа; но патиштата Негови се вечни. Натажени ги видов шаторите етиопски; се стресоа сениците на земјата Мадијамска. Зар против реките, Господи, пламнал гневот Твој? Зар против реките е Твоето негодување, или, пак, против морето е јароста Твоја – па си седнал на коњите Свои, на победничките бојни коли?
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Пророковата молитва и тагување.

До кога, Господи, ќе повикувам, а Ти не ме слушаш; викам кон Тебе поради насилството, а Ти не ме избавуваш? Зошто ми дозволуваш да гледам злодејанија, и да…