Стар Завет · Книга пророк Даниил

Данииловата покајничка молитва.

Господи, по сета Твоја правда нека се одврати гневот Твој и негодувањето Твое од Твојот град, Ерусалим, од Светата Твоја Гора; зашто за гревовите наши и за беззаконијата на татковицте наши Ерусалим и народот Твој е поруган, кај сите, што нè опкружуваат. А сега чуј ја, Боже наш, молитвата на Твојот слуга и неговото молење, па заради Тебе, Господи, погледај со светлото Твое лице на опустошеното Твое светилиште. Приклони го, Боже мој, увото Свое и послушај, отвори ги очите Свои и погледај ги нашите пустоши и градот, над кој се призива името Твое; оти ние ги принесуваме молењата свои пред Тебе, надевајќи се не на нашата праведност, туку на Твојата голема милосрдност. Чуј Господи, Господи прости ни, Господи погледај и изврши, не забавај поради самиот Тебе, Боже мој, зашто името Твое се призива над Твојот град и над Твојот народ!”
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Данииловата покајничка молитва.

Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен: тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши…