Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши. Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се…
Стар Завет · Книга пророк Исаија
Молитва за спасение.
Ѕирни од небесата и погледни од Твоето живеалиште на светињата Твоја и на славата Твоја: каде се ревноста и силата Твоја? Големата Твоја милосрдност и милоста Твоја кон мене запрени се. Само Ти си Отец наш; зашто Авраам не нè познава, ниту Израил нè признава за свои; Ти, Господи, си наш Отец, отсекогаш Твоето име е: „Искупител наш.” Зошто Господи, си допуштил да се отстраниме од Твоите патишта, да се ожесточи срцето наше, за да не се плашиме од Тебе? Сврти се заради Твоите слуги, заради племињата на Твоето наследство. Кратко време владееше над него народот на Твојата светиња: непријателите наши го изгазија твоето светилиште. Ние станавме такви, како над кои никогаш да не си владеел, и над кои името Твое да не се спомнувало.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
„Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. Приклони го, Господи,…
Твоите синови ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и опустошители ќе си отидат од тебе. Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат,…