Во оној ден ќе речеш: „Ќе Те славам, Господи! Ти ми беше гневен, но го одврати гневот Свој и ме утеши. Ете, Бог е моето спасение; на Него се надевам; и не се…
Стар Завет · Книга пророк Исаија
Покајание за гревовите.
Нема никој кој би го повикувал Твоето име, кој би установил да се држат здраво за Тебе: затоа Ти го сокри лицето Свое од нас и нè остави да гинеме од беззаконијата свои. Но сега, Господи, Ти си наш Отец; ние сме глина, а Ти – наш грнчар, сите сме дело на Твоите раце. Немој да се гневиш безмерно, Господи, и немој вечно да го помниш беззаконието. Но, погледај: сите сме Твој народ.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
„Господе Саваоте, Боже Израилев, Кој седиш на херувими! Ти единствен си Бог на сите земни царства: Ти си ги создал небото и земјата. Приклони го, Господи,…
Твоите синови ќе побрзаат кон тебе, а твоите разурнувачи и опустошители ќе си отидат од тебе. Крени ги очите и погледај наоколу, – тие сите се собираат,…