Знам, Господи, дека патот на човекот не зависи од него, дека не е во власта на оној кој оди, за да ги исправа стапките свои. Казни ме Господи, но по правда, не…
Стар Завет · Книга пророк Јеремија
Објавување суша и глад.
Зар наполно ти го отрфли Јуда? Зар душата Твоја го замрази Сион? Зошто така нè поразуваш, за да не можеме да се излечиме? Чекаме мир – а нема ништо добро; чекаме време за спасување – а еве, ужаси. Ја сознавме, Господи, нечесноста своја, беззаконијата на нашите татковци, дека згрешивме пред Тебе. Не отфрлај нè нас заради името Твое; не понижувај го престолот на Својата слава: сети се, не разрушувај го Твојот завет со нас. Име ли меѓу незнабожечките суетни богови такви, што можат да дадат дожд, или, пак, може ли небото самото од себе да лие голем дожд? Зар не си Ти тоа, Господи Боже наш? На Тебе се надеваме, оти Ти го создаваш сето тоа.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Послушај ме, Господи, и чуј го гласот на моите противници. Треба ли да се враќа зло за добро, а тие ми копаат јама за душата моја. Сети се дека стојам пред…