Стар Завет · Прва книга Летописи

Давид се носи со мислата да Му изгради храм на Господа.

Господи, по сè она што го чув со ушите свои, сличен на Тебе нема и нема Бог освен Тебе. И кој е сличен на Твојот народ Израилот, единствен народ на земјата, кај кој доаѓал Бог, да го искупи за својот народ, за да се здобие со име на големи и страшни дела, – преку прогонување на народите од лицето на Својот народ, кој го спаси од Египет Ти. Ти го направи Твојот народ Израилот Свој сопствен народ засекогаш и Ти, Господи, стана негов Бог. И така, сега, о Господи, утврди го засекогаш словото, што си му го кажал на Твојот слуга и за неговиот дом, и направи, според она како што си кажал. Нека се зацврсти и нека се возвеличи Твоето име засекогаш, за да велат: »Господ Саваот, Бог Израилев, е Бог на Израилот, и домот на Твојот слуга Давида да биде цврст пред Твоето лице. Зашто Ти, Боже мој, му јави на Твојот слуга, дека ќе му изградиш дом, та затоа и Твојот слуга се осмели да се моли пред Тебе.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки