Нов Завет · Прво послание на светиот апостол Павле до Солунјаните
Радоста поради добрите гласови што ги донел Тимотеј. Усрдна молитва за Црквата.
Поради тоа, не можејќи веќе да трпиме, најдовме за добро во Атина да останеме сами, и го испративме Тимотеја, својот брат и слугата Божји, и својот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера, та никој да не ве смутува во тие маки; оти сами знаете дека затоа сме определени. Бидејќи ние, и кога бевме при вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете. Поради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да узнаам за верата ваша, да не би некако да ве искушал искушувачот, та да отиде залудо нашиот труд. Сега, откако дојде Тимотеј при нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нè видите, како и ние вас – ние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера
Прочитај на изворот →