Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Молитва за простување на гревови.
Од дното на душата повикав кон Тебе, Господи. Господи, чуј го гласот мој. Ушите Твои нека го чујат гласот на молењето мое, – Господи, ако гледаш на беззаконијата, – тогаш кој ќе се одржи, Господи? Но во Тебе има простување. Заради името Твое, Господи, чекав долго на Тебе, чекаше душата моја на Твојот збор душата моја се надеваше на Господа: Од утрената стража па до ноќта, од утрената стража нека се надева Израилот на Господа. Зашто милоста е во Господа и голем е откупот во Него. И Он ќе го избави Израилот од сите негови беззаконија.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…