Стар Завет · Псалми

Молитва Давидова во пештера.

Со гласот свој повикав кон Господа, со гласот свој Му се помолив на Господа. Ќе го излијам пред Него молењето мое: маката моја пред Него ќе ја кажам. Кога изнемоштуваше духот мој, Ти ја знаеше мојата патека, на патот, по кој одев, тие скришно примки ми поставија. Се обѕирав надесно и гледав, а таму никој кој ме познаваше: немаше каде да избегам; никој не се грижеше за душата моја. Повикав кон тебе, Господи, и реков: „Ти си мојата надеж и мој дел во земјата на живите. Прими ја молитвата моја, зашто се понизив многу; избави ме од моите гонители, оти тие се посилни од мене. Изведи ја од темнина душата моја, за да го прославувам името Твое. Мене ќе ме чекаат праведните, додека не ме повратиш.”
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…