Стар Завет · Псалми

Молитва за спасение.

Боже, со името Твое спаси ме и со силата Твоја суди ми. Боже, услиши ја молитвата моја, чуј ги зборовите од устата моја зашто туѓинци се кренаа против мене, и силници го бараат животот мој; тие не мислат на Бога. Ете, Бог ми помогна; Господ е заштитник на животот мој. На непријателите мои Он ќе им врати за злото; ќе ги истреби со вистината Своја. Со сесрдност Ти принесувам жртва, го прославувам името Твое, Господи, зашто е благо, оти Ти ме избавуваш од секаква мака и окото мое презриво ги гледа непријателите мои.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…