Стар Завет · Псалми

Смирена молитва на страдалник.

Ги протегнав кон Тебе рацете мои, душата моја е жедна за Тебе како сува земја. Улиши ме, поскоро, Господи: духот мој малакса; не одвраќај го лицето Свое од мене, за да не заприлегам на оние, што слегуваат во гроб. Соопшти ми ја утрената милост Твоја, зашто на Тебе се надевам, Господи. Покажи ми го, Господи, патот по кој да одам, зашто кон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав. Научи ме да ја исполнувам волјата Твоја, зашто Ти си мојот Бог. Твојот благ дух нека ме води по прав пат. Заради Твоето име, Господи, ќе ме оживиш; поради Твојата правда – ќе ја избавиш од неволја душата моја. Според милоста Твоја истреби ги непријателите мои и погуби ги сите, кои ја измачуваат душата моја, зашто јас сум слуга Твој.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…