Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Праведникова молитва.
Услиши ја, Господи, правдата моја, чуј го гласот на молбата моја, прими ја молитвата моја што не излегува од лажлива уста. Од Твоето лице нека излезе судот за мене; очите мои нека ја видат вистината. Ти го искуша срцето мое, ме посети ноќе; со оган ме провери и не нејде неправда во мене. Човечки дела нека не зборува устата моја; поради зборовите на устата Твоја чекорев по патиштата тешки. Утврди ги стапките мои на патиштата Твои, за да не ослабнат нозете мои. Кон Тебе викам, зашто Ти ќе ме чуеш, Боже; приклони го увото Свое кон мене, и чуј ги зборовите мои. Покажи ја чудесната милост Твоја, Ти, кој ги избавуваш оние што се надеваат на Тебе – од оние што се противат на Твојата десница.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…