Стар Завет · Псалми

Молитва за победа. Увереност во Божјата помош.

Да ти го даде Господ и она што ти срце сака; и сите твои помисли да ги исполни. Ќе се зарадуваме на твоето спасение и во името на нашиот Бог ќе се издигнеме. Да ги исполни Господ сите твои молби. Сега знам дека Господ го спасува Својот помазаник, го слуша од светите Свои небеса; спасението е во силата на Неговата десница. Едни – со коли, други – со коњи, а ние со името на Господа, нашиот Бог, се фалиме: тие се препнаа и паднаа, а ние се кренавме и стоиме прави. Господи, спаси го царот и услиши нè кога Ти се молиме!
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…