Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Благодарност за победите во минатото.
Господи, со Твојата сила ќе се весели царот и за спасението од Тебе безмерно ќе се радува. Ти му даде, она што срцето негово посака, и молбата на устата негова не ја отфрли, зашто Ти го пресретна со добри благослови, му возложи на главата венец со скапоцени камења. Тој побара од Тебе живот, а Ти му даде долголетие во веки веков. Голема е славата негова поради спасението од Тебе; Ти го покри со чест и величие.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…