Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Молитва за помош во немирни времиња.
Нека засветли лицето Твое над слугата Твој; спаси ме со Твојата милост. Господи, не допушти да се посрамам, поради тоа што кон Тебе повикав; нечестивите нека се посрамат и нека замолкнат во пеколот. Да онемеат лажливите усти, што говорат лошо против праведникот со гордост и презрение. Колку е голема добрината Твоја, Господи, што си ја запазил за оние, кои се бојат од Тебе, и што си ја приготвил за оние, кои се надеваат на Тебе пред синовите човечки! Ќе ги сокриеш под покривот на лицето Свое од човечките возбуди, ќе ги заклониш од нападите на јазиците противнички. Нека е благословен Господ, зашто ја пројави кон мене Својата чудесна милост во утврдениот град! Во малодушноста своја си реков: отфрлен сум од очите Твои; но Ти ги услиши гласот на молитвата моја, кога повикав кон Тебе.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…