Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Молитва за спасение од пакосни непријатели.
Ќе Те прославувам, Господи, на големо собрание, меѓу многуброен народ ќе Те восфалувам не допушти да се зарадуваат над мене оние, кои ми се непријатели без причина, кои ме мразат без вина и намигнуваат со очите. Зашто за мир ми зборуваа тие, а во лутината своја смислуваа измами. Ги отворија устите свои против мене, велејќи: „Добро! Добро! Очите наши видоа.” Ти виде Госоди, немој да премолчиш; Господи, не отстапувај од мене! Стани, разбуди се поради мојата правда, о Боже мој и Господи мој! Пресуди ми според Твојата правда, Господи, Боже мој, та да не ликуваат оние над мене
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…