Стар Завет · Псалми

Молитва за помош против замки од пакосни непријатели.

Спаси ме од непријателите мои, Боже мој, заштити ме од оние што стануваат против мене! Избави ме од оние, што вршат беззаконија; спаси ме и од крвниците зашто, ете, тие ја демнат душата моја; ме напаѓаат силните беа престап мој и без грев мој, Господи. Без моја вина навалија на мене; стани, излези ми во пресрет и погледај. Ти, Господи, Боже на силите, Боже Израилев, разбуди се и посети ги сите овие народи и не поштедувај ниеден од оние што вршат беззаконие.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…