Стар Завет · Псалми

Молитва за Божјата помош против тајни непријатели и клеветници.

Чуј го, Боже, гласот мој, кога Ти се молам; зачувај ми го животот мој од непријателот што ме застрашува. Ти ме заштити од лукавите, од многуте злочинци. Кои ги наострија јазаците свои како меч, го затегнаа лакот свој – па исфрлаат ранливи зборови, за да стрелаат скришно на непорочниот; тие стрелаат ненадејно врз него и нема да се уплашат. Тие цврсто се договорија за зло; се договорија како да ја прикријат замката, па си рекоа: кој ќе го види? Па бараа неправда, вршеа испитување, но испитување дури до внатрешнината на човекот, но длабоко е срцето. Но Бог ќе се прослави: нивните стрели не полетаа.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…