Стар Завет · Псалми

Молитва за милост Божја во староста.

На Тебе Господи, се надевам, да не останам посрамен вечно. Избави ме поради праведноста Своја и очисти ме; приклони го увото Свое кон мене и спаси ме. Биди ми Бог заштитник, изведи ме на место сигурно – зашто Ти си моја крепост и мое прибежиште. Боже мој, избави ме од рацете на грешникот, од рацете на престапникот и насилникот, зашто Ти си моја надеж, Господи, моја сигурност од младоста моја. За Тебе цврсто се држам од раѓањето мое; Ти си мој покровител од мајчината ми утроба; за Тебе вечно ќе пеам.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…