Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…
Стар Завет · Псалми
Плач по разорениот Ерусалим.
Излеј го гневот Свој врз народите, што не Те познаваат, и врз царствата, кои не го признаваат името Твое, зашто тие го испојадоа Јакова и местото негово го опустошија. Не спомнувај ги нашите поранешни беззаконија, туку побрзај да нè престретнеш со Својата милосрдност, зашто многу сме осиромашени. Помогни ни, Боже, Спасителе наш, поради славата на името Твое, избави нè и очисти нè од гревовите наши заради името Твое! Зашто незнабожците да велат: „Каде е нивниот Бог?” Барем пред очите наши да ја видиме одмаздата над незнабожците за пролеаната крв на Твоите слуги. Да дојде пред Тебе офкањето на окованите; со силата на Твојата мишка зачувај ги синовите осудени на смрт. Седумкратно врати ги во пазувите на нашите соседи хулењата, со кои Те хулеа Тебе, Господи.
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Кога викам, чуј ме, Боже, правдо моја! Во маката моја дај ми простор. Помилуј ме и услиши ја молитвата моја. Синовите човечки, до кога ќе бидете со тврдо срце;…
А јас, пак, според Твојата голема милост, ќе влезам во Твојот дом И ќе се поклонам во Твојот свет храм со страв пред Тебе. Господи, упатувај ме во Твојата…