Стар Завет · Псалми

Благодарствена песна поради спасување од непријателите.

Стани, Господи, Боже мој, нека се крене раката Тавоја, не ги заборавај за секогаш бедните Твои. Зошто безбожникот Го разгневува Бога, зошто во срцето свое да вели – Бог не испитува? Но Ти гледаш, оти ги забележуваш маките и навредите на бедниот; бедниот Тебе Ти се предава, Тебе Ти се остава сиромавиот и сиракот; биди им помошник. Сотри ја мишката на грешникот и на лукавиот; па да се бара и да не се најде безбожноста негова. Господ е вечен цар, во сите времиња; ќе ги снема народите од земјата Негова. Господи, Ти ги слушаш желбите на бедните; закрепи ги срцата нивни, отвори го увото Свое!
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Надеж во Бога против сите непријатели.

Господи, колку многу се намножија непријателите мои! Мнозина се креваат против мене мнозина велат за душата моја: нема спас за него во Бога. Но Ти, Господи, си…