Нов Завет · Соборно послание на светиот апостол Јаков

За лесномисленото колнење, за моќта на молитвата и љубовта спрема грешникот

Елате сега вие, богатите: плачете и ридајте за страшните маки, што идат на вас. Богатството ваше изгни, а алиштата ваши молци ги изгризаа. Златото ваше и среброто ви за’рѓа и ‘рѓата нивна ќе биде сведоштво против вас и ќе го изеде телото ваше како оган: сте собрале богатство за последните дни. Ете, платата, што сте ја задржале од работниците, кои работеа на вашите ниви, и извиците на жетварите дојдоа до ушите на Господа Саваот. Се веселевте на земјата и се насладувавте, ги потхранивте срцата ваши како за ден на клање. Осудивте, убивте праведник; и тој не се бранеше. Бидете трпеливи, браќа мои, до доаѓањето на Господа! Ете, земјоделецот чека драгоцен плод од земјата и долго трпи за него, додека не добие дожд, ран или доцен.
Прочитај на изворот →