Нов Завет · Свето Евангелие според Јована
Молитвата на Исуса како првосвештеник за Себеси, за Своите ученици и за Својата заедница
Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот: прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој, како шт си Му дал власт над секое тело, та преку сè што си Му дал, да им даде живот вечен. А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа. Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си Ми го дал да го извршам. И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе, уште светот пред да настане. Го јавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово. Сега разбраа дека сè, што си Ми дал, е од Тебе
Прочитај на изворот →