А Марија му рече на ангелот: „Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?” Светиот Дух ќе слегне на тебе и силата на Севишниот ќе те осени; па затоа и роденото…
Нов Завет · Свето Евангелие според Лука
Исусовата благодарствена молитва кон Отецот
Се вратија, пак, седумдесетте со радост и велеа: „Господи, во Твое име и бесовите ни се покоруваат.” А Он им рече: „Го видов сатаната дека падна од небото како молња! Еве, ви давам власт да настапувате на змии и скорпии, и на секаква непријателска сила; и ништо нема да ве повреди но не радувајте се на тоа, дека духовите ви се покоруваат, а радувајте се, што се имињата ваши напишани на небесата.” Во тој час се возрадува Исус во духот и рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил ова од мудрите и разумните, а си го открил на простите. Така е, оти таква беше волјата Твоја.”
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
А Он им рече: „Кога се молите, говорете: »Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое; да дојде царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото,…
Тогаш тој извика и рече: „Исусе, Сине Давидов, помилуј ме!” Оние, што одеа напред, го искараа да молчи; но тој уште погласно викаше: „Сине Давидов, помилуј…