Туку молете се вака: Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое Да дојде царството Твое; да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата…
Нов Завет · Свето Евангелие според Матеј
Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче,…
Во тоа време, откако продолжи Исус, рече: „Те прославувам, Оче, Господи на небото и на земјата, оти си го сокрил тоа од мудрите и разумните, и си го открил на младенците. Да, Оче, зашто таква беше волјата Твоја. Сè ми е предадено од Мојот Отец и никој не Го познава Синот, освен Отецот; ниту Отецот Го познава некој освен Синот, и кому што сака Синот да Го открие. Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете мир за душите ваши зашто јаремот Мој е благ и бремето Мое е лесно.”
Прочитај на изворот →