А тој се исполни со голем гнев од тие зборови, бидејќи по Божја промисла беше заборавил сè што беше намислил, – па со пламнати очи, заплашувачки рече: „Да…
Стар Завет · Трета книга Макавејска
Молитва на првосвештеникот Симон.
„Господи, Господи, Царе на небесата и Господару на секое создание. Ти си свет меѓу светиите, Сесилен и Седржител! Погледни милостиво на нас, кои сме измачувани од овој безбожник и незнабожец, исполнет со горда дрскост и сила. Зашто Ти, Кој си создал сè и Кој управуваш со сè, Ти си справедлив Господар: Ти им судиш на оние што дејствуваат гордо и дрско. Ти некогаш ги погуби оние што вршеа беззаконие; меѓу нив имаше и исполини, кои се надеваа на својата сила и храброст; ним им испрати преголеми води. Ти ги изгори Содомците со оган и со сулфур, нив, ко живееја гордо и беа прочуени со своите порочни дела, покажувајќи им ги како пример на потомците. Ти го казни дрскиот Фараон со многу и тешки казни, него што го беше поробил Израилот, твојот свет народ; Ти ја јави Твојата власт и му ја покажа Твојата сила,
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Ти го извади на светлина Даниила неповреден, кој поради завист и клевети беше фрлен во јама, за да биде раскинат од лавови; Ти, Оче наш, и Јона, кој се мачеше…