Молитви кон Господа

Молитва кон Господа

Те благословуваме, вишен Боже и милостив Господе, Ти што секогаш правиш со нас големи и неискажливи безброј славни и необични дела. Ти ни даваш сон за успокојување на нашата немоќ и за одмор на нашето преморено тело. Ти благодариме што не си нè погубил поради нашите беззаконија, но се покажа, како и секогаш, човекољубив. Нè крена нас, кои безнадежно лежевме, за да ја прославуваме Твојата сила. Затоа се мо­лиме на Твојата бескрајна добрина да ни ги отвориш духовните очи и да го разбудиш нашиот ум од длабокиот сон на мрзливоста. Отвори ја нашата уста и исполни ја со по­фалби за Тебе, та да можеме смело да Ти пееме и да Те прославуваме Тебе, Кој си во сè и од сите прославуван Бог и беспочетен Отец, со Твојот Единороден Син и сесветиот, благиот и животворниот Твој Дух, сега, се­когаш и во вечни векови. Амин.

Поврзани молитви

Молитва кон Господа

Господи, Седржителу, Боже на силите и на секое тело, Ти живееш во висините и мило­срдно погледнуваш на нас смртните. Ти ги испитуваш срцата и јасно ги знаеш…

Молитва кон Пресвета Богородица

Ја воспевам Твојата милост, Богородице, Ти се молам да го просветиш мојот ум. Научи ме да одам право по патот на Христовите заповеди. Окрепи ме за да бидам…

Молитва кон Господа Исуса Христа

Многумилостив Боже мој, Господи Исусе Христе, Ти слезе од небото и се овоплоти за да нè спасиш сите. Ти се молам, Спасителу, спаси ме со благодатта, зашто ако…