Молитви за разни потреби

Молитва кон светителот чие име го носиме

Свети (името) , мој закрилник и заштиттник пред Бога во сите дни на мојот живот. Го носам Твоето име, но животот мој не е сообразен со Твојот свет живот, зашто многупати сум ја осквернавил мојата душа. Ти се молам, закрилувај ме, помагај ми, води ме со Твојата сила. Секогаш застапувај се за мене пред благиот Бог и моли Го да ми ја даде Својата благодат и да биде милостив кон мене, да ми помага да бидам сочуван од лоши мисли, желби и дела, мојот живот да биде светол и радосен како што прилега на секое Христово чедо. Не дозволувај да се до­ближи до мене никакво зло, поткрепувај ме кога сум слаб, биди ми покровител кога лоши сили ме напаѓаат, помагај ми во до­брото, засилувај ми ја верата и покажувај ми го патот на спасението. Само така срцето ќе биде поткрепувано и достојно ќе го носам Твоето име и името на мојот Спасител, Господ Исус Христос, а преку тоа ќе го прославам меѓу моите браќа и Отецот, Кој е на небесата.

Поврзани молитви

Молитва при влегување во храм

Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата го­лема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во…

Молитва по излегување од храм

Ти се поклонувам Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Тво­јот свет храм, особено во пречистите и живо­творни тајни. Пред Тебе,…