Молитви на родителите за децата

Молитва на мајката кон Пресвета Богородица за повраќање на нејзиниот син од лошите патишта

Пречиста и Предобра Мајко Божја, смилувај се кон мене несреќната, зашто многу е натажено моето мајчинско срце. Тешко страдам, бидејќи мојот син живее лош и срамен живот. Непријателот на човечкото спасение го уловил во своите мрежи, ги разгорел неговите страсти, го помрачил неговиот разум и посеал лоши семиња во неговото срце. Тој е непослушен, груб и предаден на насладите од овој свет. Мајко Божја, само Ти можеш да ми помогнеш, само Ти можеш да ми го вратиш чедото. Макар што неговиот ум, неговото срце и волја се под власта на лукавиот, тој го носи ликот на Бога во својата душа. Пречиста Богородице, изми ја нечистотијата од душата на мојот син, просвети ги неговите духовни очи, за да го остави патот на своите заблуди и да се врати во домот на Благиот небесен Отец. Само така ќе се врати радоста.

Поврзани молитви

Молитва кон Господа

Господи Боже, Создателу на човекот и небесен Оче, Ти си го установил и благословил бракот кога си рекол: Раѓајте се и множете се и наполнете ја земјата. Ти си…

Молитва кон Пресвета Богородица

Пресвета Богородице, под чија закрила ќе ги ставиме нашите деца, по Бога? Ти си силна Закрилница на христијаните и брза Помошница во секоја тешкотија, небеска…