Се зарадував кога ми рекоа: Да појдеме во домот на Господа. Господи, по Твојата голема милост ќе влезам во домот Твој и ќе се поклонам пред Тебе со страв во…
Молитви за разни потреби
Молитва пред одење на училиште
Милостив Боже, Ти си вечната премудрост и изворот на духовната светлина и на знаењето. Испрати ми ја благодатта на ТвојотСветДух,зада се просвети мојот ум и моето срце и да биде отстранета од мене секаква духовна мрзливост. Со Твојата благодатна помош полесно ќе го усвојувам полезното знаење, ќе го разбирам учењето што ни се предава, ќе бидам добар ученик, нема да се расејувам и нема да ги заборавам моите должности. Нека мојата душа биде секогаш отворена за добрата наука и за вистинското знаење. Со нив да го збогатам мојот ум, да го облагородам моето срце, да Те познавам Тебе – вистинската Мудрост и Добрина, и да им послужам на блиските и на народот мој. Амин.
Поврзани молитви
Ти се поклонувам Тебе, мојот Господ Бог, Кој си присутен со Твојата благодат во Твојот свет храм, особено во пречистите и животворни тајни. Пред Тебе,…
Ти благодарам, Господи Исусе Христе, Боже мој, што ме удостои да се вратам здрав и неповреден од работа, та со бодро и благодарно срце да Ти пеам и да Те…