Милостив Боже мој, Ти владееш над сè, ние живееме со Тебе, преку Тебе постоиме. Твојата десница нè крепи, нè храни и нè чува. Ете и јас, смирениот земјоделец,…
Молитви за родна година
Молитва за дожд
Православна молитва за дожд од традиционалниот молитвеник.
Преблаг Боже, Создателу наш, Ти си направил сонцето да грее над добри и лоши и им даваш дожд на праведните и грешните. Милосрдно погледни кон нас грешните што сме ги прекршиле Твоите свети заповеди; не измачувај ги Твоите луѓе со глад, туку заповедај им на облаците да излеат добар дожд и плодоносна роса врз Твојата земја. Ороси ја со Твојот благослов и испрати ни ги нам Твоите богати милости, според Твојата добрина умножи ги семињата и плодовите на земјата. Господи, не оставај да се исуши земјата, туку напој ги браздите и утеши нè. Умножи го житото, умножи гисите земни плодови, та, наситени со потребниот леб, да Те прославуваме Тебе и да Те воспеваме како Благ Отец и Промислител. Амин. Владико, Господи, Боже наш, Ти ја послуша молбата на пророкот Илија Тесвитјанин заради неговата ревност кон Тебе. Тогашнареди да престане дождот, а потоа, пак по неговата молитва, се изли изобилен и плодоносен дожд на земјата. Владико и Господи на сите, од сè срце Ти се молиме,испрати благопријатен дожд од небото и прости ни ги нашите гревови. Зарадувај го и развесели го лицето на земјата заради Твоите бедни луѓе. Ти си наш Бог, Бог Кој милува и спасува, а ние Те прославуваме – Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Владико, Господи, Боже наш, Ти ја прими молбата на Твојот ревнител, пророк Илија и благоволи да го задржиш дождот за извесно време. И сега, човекољубив…