Молитви кога сме во душевни таги и неволји

Молитва за отфрлање на погубното влијание на лукавиот

Господи Исусе Христе, Боже Спасителу мој! Дај ми мене недостојниот Твој слуга, скрушение и освестување на срцето, за да Ти се молам умилно со чиста молитва, да го истријам списокот на моите гревови. Изгасни го, Господи, огнот на моите страсти и избави ме од неизгасливиот оган! Знам, дека секојдневно и во секој час Те огорчувам и разгневувам, но Твоето долготрпение ќе го надвладее моето лукавство. Господи, Боже на добротата и милосрдието, спаси ме од лукавите мисли, со коишто ме запрашува и навева непријателот, за да ја угнетува мојата душа. Закани му се, Христе, со Твојата сила, којашто им заповеда на морските бранови! Нека се обесили и протера далеку од мене, Твојот слуга. Зашто тој секој ден приложува кон мене нови замисли на своето лукавство, за да завладее со мојот слаб ум, да ме оддалечи од Тебе и од Твоите спасителни заповеди. Многумилостив Владико, Господи, истерај го од мене тој лукав дух со сите лоши мисли и намери, за да Те воспевам и прославувам со Твојот беспочетен Отец и со благиот и живототворен Твој Дух, сега, секогаш и во вечни векови! Амин.

Поврзани молитви

Молитва во жалости

Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…

Молитва за нашите покојни

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…

Молитва за умрените чеда

Господи Исусе Христе, Боже наш, Владико на животот и смртта, Утешителу на неволните, со скрушено и смирено срце прибегнувам при Тебе и Ти се молам: Спомни Го,…