Господи Исусе Христе, Сине Единороден на беспочетниот Твој Отец, Ти си рекол со Твојата пречиста уста: Без Мене не можете да правите ништо. Господи мој, со…
Молитви во текот на денот
Молитва за секое време и секој час
Христе Боже, Којшто во секое време и секој час си почитуван и прославуван на небото и на земјава, Којшто си долготрпелив и многумилостив и добросрдечен, Којшто ги љубиш праведните, а грешните ги милуваш, Којшто сите ги викаш на спасение поради ветувањето на идните блага, сам, Господи, прими ги нашиве сегашни молитви, исправи ни го животот според Твоите заповеди, освети ги нашите души, очисти ги нашите тела, исправи ги нашите помисли и очисти ги нашите мисли и избави нè од секоја тага, злоба и болести; огради нè со Твоите свети ангели, па, запазени и поучувани од нивната заштита, да поживееме во единство на верата и да ја запознаеме Твојата недостапна слава, зашто си благословен во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Христе мој, Ти си исполнување на сите мои желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме, зашто си многумилостив.
Господи Исусе Христе, Боже наш, благослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во овој дом по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на…