Господи Исусе Христе, Сине Единороден на беспочетниот Твој Отец, Ти си рекол со Твојата пречиста уста: Без Мене не можете да правите ништо. Господи мој, со…
Молитви во текот на денот
Молитва за секоја прозба
Господи, Боже наш, Ти се молиме, послушај го гласот на нашава молитва. Помилуј нè нас, Твоите чеда, со својата благодат и милост и исполни ни ги сите прозби, прости ни ги сите намерни и ненамерни согрешенија. Нашите молитви и милостини нека Ти бидат благопријатни пред престолот на Твоето владичество. Закрилувај нè од сите видливи и невидливи непријатели, од секоја напаст, неволја и тага. Избави нè од болести и дарувај ни здравје со долгоденствие. Човекољубив Владико, погледни со Твоето милостиво око на нас, Твоите чеда, послушајгинашитемолби што Ти ги прине суваме со вера, бидејќи сам Си рекол: Сè што ќе побарате со молитва, верувајтедека ќе го добиете и ќе ви биде, и уште: Барајте и ќе ви се даде. Поради ова и ние, иако недостојни, надевајќи се на Твојата милост, молиме: Помогни ни со Твојата благост и исполни ни ги нашите добри желби, запази ни ги сите дни во мир и тишина, во здравје и долгоденствие.
Поврзани молитви
Христе мој, Ти си исполнување на сите мои желби, исполни ја со радост и веселба мојата душа и спаси ме, зашто си многумилостив.
Господи Исусе Христе, Боже наш, благослови ни го јадењето и пиењето нам, на Твоите чеда и умножи го во овој дом по молитвите на Твојата Пречиста Мајка и на…