Стар Завет · Книга Неемија

Неемина молитва.

Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите, што ги беше дал на Мојсеја, Твојот слуга. Но присети се на зборот, што му го беше дал на Мојсеја, Твојот слуга, велејќи: »Ако станете престапници, ќе ве растурам меѓу народите, а кога ќе се обрнете кон Мене и ќе ги пазите Моите заповеди и ќе ги извршувате, тогаш, макар да сте изгонети и на крајот на небото, и оттаму ќе ве приберам и ќе ве одведам на местото што сум го одбрал, за да го воведам таму името Свое.« А тие се Твои слуги и Твој народ, што Си го откупил со големата Своја сила и со моќната Своја рака. Ти се молам, Господи, нека биде увото Твое внимателно кон молитвата на Твојот слуга и кон молитвата на Твоите слуги, кои сакаат да се плашат од името Твое. Помогни му сега на Твојот слуга и воведи го во милоста на тој човек.” – Јас бев пехарник кај царот.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Јавно народно покајание.

и тие станаа упорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и правеа големи…