Стар Завет · Книга Неемија

Јавно народно покајание.

и тие станаа упорни и се креваа против Тебе, го презреа Твојот закон, ги убиваа Твоите пророци, кои сведочеа да се обратат кон Тебе, и правеа големи оскрбувања. И Ти ги предаде затоа во рацете на непријателите нивни, кои ги угнетуваа. Но секогаш кога, во тешко време за нив, ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, по големото Свое милосрдие, им даваше спасители, што ги спасуваа од рацете на непријателите нивни. А кога се успокојуваа, пак почнаа да прават зло пред Твоето лице, и Ти ги предаваше во рацете на непријателите нивни, и тие владееја со нив. Но кога пак ќе повикаа кон Тебе, Ти ги слушаше од небесата и, според големото Свое милосрдие, многупати ги спасуваше.
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Неемина молитва.

Ние станавме престапници пред Тебе и не ги запазивме ни заповедите, ни наредбите, ни законите, што ги беше дал на Мојсеја, Твојот слуга. Но присети се на…