И сега, Господи, Боже Израилев, Ти Кој го изведе Твојот народ со силна рака од Египетската земја, со знаци и чуда, со голема сила и со Твојата крената мишка и…
Стар Завет · Книга пророк Варух
Молитва на изгнаникот: исповед на гревовите
Ова се зборови од книгата, што ги напиша Варух, синот на Нирија, син на Масија, син на Седекија, син на Асадија, син на Хелкија – во Вавилон, во петтата година, во седмиот ден од месецот, во она време кога Халдејците го презедоа Ерусалим и го изгореа со оган. Ги прочита Варух гласно зборовите од оваа книга пред Јехонија, синот на Јоакима, јудејски цар, пред сиот народ, што беше дошол да ја слуша книгата, гласно пред кнезовите и царските синови, пред сите кои живееја во Вавилон, покрај реката Суд, и тие плачеа, постеа и се молеа пред Господа. Собраа сребро, секој според своите можности, и го испратија во Ерусалим до првосвештеникот Јоаким, син на Хелкија, син Саломов, до свештениците и до сиот народ, кој се наоѓаше со него во Ерусалим,
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Господи, Седржителе, Боже Израилев, кон Тебе вика душата тескобна и дух вознемирен Чуј ме, Господи, и смилуј се, зашто Ти си бог милосрден; смилувај се, зашто…