Ова се зборови од книгата, што ги напиша Варух, синот на Нирија, син на Масија, син на Седекија, син на Асадија, син на Хелкија – во Вавилон, во петтата…
Стар Завет · Книга пророк Варух
Молитва за милост.
И сега, Господи, Боже Израилев, Ти Кој го изведе Твојот народ со силна рака од Египетската земја, со знаци и чуда, со голема сила и со Твојата крената мишка и Си создаде име како денес, ние згрешивме, постапувавме беззаконо и неправедно пред сите Твои заповеди, Господи, Боже наш! Гневот Твој нека се одврати од нас, зашто само малкумина останавме меѓу народите, меѓу кои нè распрсна. Господи, чуј ја нашата молитва и нашата молба, и избави нè заради Тебе и подари ни милоста пред лицето на оние, кои нè преселија, та целата земја да познае дека Ти Господи, си нашиот Бог, оти Твоето име се призовува над Израилот и неговиот род. Погледај, Господи, од светиот Твој дом и спомни си за нас; наклони го Твоето уво, Господи, и послушај нè!
Прочитај на изворот →Поврзани библиски одломки
Господи, Седржителе, Боже Израилев, кон Тебе вика душата тескобна и дух вознемирен Чуј ме, Господи, и смилуј се, зашто Ти си бог милосрден; смилувај се, зашто…