и се обрнат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, обрнувајќи се кон…
Стар Завет · Втора книга Летописи
Успехот на Езекиевата молитва
Кога виде Езекија, дека Сенахирим дошол со цел да војува против Ерусалим, реши со кнезовите и со своите силни луѓе да ги затвори сите извори на вода надвор од градот; и тие му помогнаа. Се собра многу народ и ги затрупаа сите извори и потокот, кој течеше низ земјата, велејќи: кога ќе дојде асирскиот цар, да не најдат многу вода и да не се утврдува. И се утврди Езекија, ги поправи сите срушени ѕидови и ги издигна до кулата, а надвор изгради друг ѕид, го утврди Мило во Давидовиот град и поготви многу оружје и штитови. Постави воени началници над народот и ги собра при себе на плоштадот кај градските порти, па им говореше од срце, велејќи: „Бидете тврди и храбри, не бојте се и не плашете се од асирскиот цар и од сето множество, кое е со него, зашто со нас има повеќе, отколку со него
Прочитај на изворот →