Стар Завет · Втора книга Летописи

Говорот и молитвата на Соломона.

и се обрнат кон Тебе со сето свое срце и со сета своја душа, во земјата на своето ропство, каде што ќе бидат одведени во плен, и се помолат, обрнувајќи се кон земјата своја, што си им ја дал на татковците нивни, и кон градот, што си го избрал, и кон храмот, што го изградив на Твоето име, – тогаш чуј од небото, од местото на Твоето живеалиште, чуј ја молитвата нивна и молбата нивна, и направи го она што им е потребно, и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе. Боже мој, очите Твои нека бидат отворени и ушите Твои внимателни кон молитвата на ова место! И сега, Господи Боже, застани во Твоето покоиште, Ти и ковчегот на Твојата сила. Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите преподобни да се радуваат во добрините. Господи Боже, не свртувај го лицето од помазаникот Свој, присети се на милостите ветени кон Својот слуга Давида!”
Прочитај на изворот →

Поврзани библиски одломки

Успехот на Езекиевата молитва

Кога виде Езекија, дека Сенахирим дошол со цел да војува против Ерусалим, реши со кнезовите и со своите силни луѓе да ги затвори сите извори на вода надвор од…