Покајни молитви

Молитва за смилување

Господи, милостив си кон сиромашните. Овај свет е куќа на болката, полн со јад, страв, беда и очај. Смилувај ни се. Смилувај се на сите коишто поднесуваат претежок живот, од коишто се бара повеќе отколку што можат, коишто ги гази судбината и коишто не наоѓаат смисла. Смилувај се на оние коишто доживеале неуспех, на збунетите, болните и инвалидите, слепите и парализираните, осамените и неважните, презрените и коишто не наишле разбирање. Смилувај се на уплашените коишто повеше не се противат на неправдата, на измачените коишто не можат да живеат од платата за својата работа, на очајните коишто бараат дрога или смрт. Смилувај се на неслободните коишто се слуги на немилосрден систем, слуги за искористување и угнетување. На војниците кои одат во војна, и на заробениците коишто ги чуваат како диви ѕверови. Смилувај се, Господи, на сите народи, смилувај се на нестрпливите и краткогледите меѓу моќните, и нестрпливите и насилниците меѓу тие коишто се злоставувани и покорени. Смилувај се на сите коишто ја бараат правдата, а не знаат друг пат освен насилството. Смилувај им се и на христијаните коишто сеуште зборуваат за Тебе, а сеуште не ја вршат Твојата волја. Господи, Којшто си милостив кон сиромашните, смилувај ни се на нас сите. Овај наш свет е полн со насилници, злочинци и дерикожи. Смилувај им се! На кого другмуепопотребно милосрдието отколку на оние коишто мразат? Како ќе се променат, ако Ти не им се смилуваш? Се молиме и за оние кои одрвенале, за огорчените и немилосрдните, за сите коишто шират омраза и сеат раздор, кои сакаат војна, зашто ними им користи, коишто ги искривуваат вестите и ги прикриваат злочините. Се молиме и за оние коишто живеат од лажење, плачкање и авантури, се молиме за сите бездомници и бегалци коишто ништо не ги врзува за нашите обичаи, за напуштените, коишто не се интересираат за нашето друштво. Се молиме за сите коишто ја искористуваат неволјата, на пример, за заводниците во нашите големи градови, коишто ги упропастуваат човечките созданија искористувајќи го човечкото сиромаштво во љубовта. Ти се молиме за сите нас коишто еден на друг од ден на ден си нанесуваме болка, коишто еден другиотсе забораваме, отфрламе, осудуваме и клеветиме во мало и големо. Ти се молиме смилуј ни се на нашата нељубезност, шкртост и непопусливост. Зашто ние се осудуваме едни со други во својата непромисленост и не ја согледуваме својата бездушност. Ти рече: Којшто ќе го отфрли својот брат крив е на огнот пеколен. Господи, криви сме, смилуј ни се.

Поврзани молитви

Псалм 50

Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои. Многупати ме изми од моето беззаконие и очисти ме…

Молитви за покајание

(Од Покајниот канон кон Господа Исуса Христа и од Великиот канон на преподобниот Андреј Критски) 1 Помилуј ме, Боже, помилуј ме! Душо моја, душо моја, стани,…

Секојдневна исповед на гревовите

На Тебе, мојот Господ и Создател, Единствениот Бог, Кого Го прославувам и на Кого му се поклонувам во Светата Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух, ги…