Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…
Молитви кога сме во душевни таги и неволји
Молитва за умрени родители
Господи Исусе, Боже наш, Ти си пазител на сираците, прибежиште на неволните и утешител на оние коишто плачат. Јас, сирак, прибегнувам при Тебе, стенкам и плачам и Ти се молам: Послушај ја мојата молба и не одвраќај го лицето од воздишките на моето срце и од солзите на моите очи. Ти се молам, милостив Господи, намали ја тагата поради разделбата со мојот родител (родителка) (името). Неговата душа почината со вистинска вера во Тебе и со цврста надеж на Твоето човекољубие и милост, прими ја во Твоето небеско царство. Се приклонувам пред Твојата света волја и Те молам да не ја отстраниш од него Твојата милост и добросрдечност. Знам, Господи, дека Ти, Судијата на целиот свет, гревовите и неделата од родителите ги накажуваш врз децата, но и дека ги помилувуваш родителите поради молитвите и добродетелите на нивните чеда. Со скрушеност и умилност Ти се молам, милостив Судијо, не казнувај го со вечнаказна Твојот слуга (или: слугинка), мој татко (или: мајка) и прости му ги сите гревови намерни или ненамерни што ги сторил со збор, дело, свесно или несвесно во овој живот, со Твоето милосрдие, поради молитвите на Пречистата Богоордица и на сите светии, помилуј го и избави го од вечните маки. Ти, милосрден Оче на родителите и чедата, дај ми во сите дни на мојот живот сè до мојата последна воздишка да не престанам да го споменувам во молитвите мојот починат татко (мајка, или: родители), и да Те молам, праведен Судијо, да ги населиш во место светло, место свежо и спокојно, со сите светии, кајшто немаболест, ниту тага, ни воздишка. Прими ја денес, Господи, оваа топла моли тва за покојниот (покојната) поради неговиот труд и грижи за моето воспитување во верата и христијанското благочестие, зашто тој ме научи побожно да Ти се молам, само на Тебе да се надевам во неволјите, тагите и болестите и да ги пазам Твоите заповеди. За сите добри работи што тој ги испросил од Тебе, возврати му со Својата милост, со Своите небески блага и радостите во Твоето вечно царство. Зашто Ти си Бог на милостите, штедростите и човекољубието, Ти Си упокоение и радост на Твоите верни раби, и Тебе Те прославуваме со Отецот и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин.
Поврзани молитви
Господи Исусе Христе, Боже Спасителу мој! Дај ми мене недостојниот Твој слуга, скрушение и освестување на срцето, за да Ти се молам умилно со чиста молитва, да…
Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…