Молитви кога сме во душевни таги и неволји

Молитва за војник

Во мирно време Велик Господи, Ти ни заповедаш да ги сакаме ближните и секогаш да сме спремни дури да го дадеме и својот живот за нив. Ти Самиот ги прими страшните крстни страданија и Својот живот го даде за доброто испасението на човекот. Следувајќи ја Твојата заповед и гледајќи го сјаењето на славата на Твојот спасителен подвиг и јас, иако немоќен, искрено сакам да послужам на моите ближни, кои пред сè се моите роднини. Ти се молам, поткрепи ми го срцето и волјата, за да ја сакам татковината, во којашто спрема Твоето благоволение се родив и пораснав, за да сум во состојба да ѝ служам верно и одано. Направи ме чесен и достоен бранител на нејзините граници, на нејзината правада, ред, спокојство, чест и достоинство. Службата како војник да измине во послушност на заповедите на моите претпоставени, зашто редот и свесната потчинетост се потребни за напредокот на татковината. Вдахни ми, Господи на силите, машкост, добродетелност и благоразумие, за достојно да го исполнам својот долг на љубов спрема родните браќа. Варди ме од секое нечесно и недостојно дело или ѓаволско внушение, со кои би потпаднал на времена и вечна осуда. Возвиши ме, Владико семоќен, во верата и добродетелта, та по примерот на Твоите угодници, коишто ги избра од средината на војниците, да Ти служам без отстапување, да Ти бидам одан Тебе, Началникот на небеските војски, и на тој начин најдобро да ја исполнам Твојата заповедзаљубовспрема ближните. Варди ми ја верата во срцето, закрилувај ми ја совеста со благородни желби и намери, закрилувај ми го здравјето, биди ми секогаш помошник и покровител за спасение. Амин! Кога е во одбрана Сесилен Господи, Твојата сила секогаш ми е потребна, зашто таа го закрепнува мојот дух и ја утврдува мојата волја. Кој може да се спротивстави на оној на кого Ти си му помошник и тврдина? Не може непријателот да стане против него, зашто Ти си му тврдина, штит и сила. Затоа Те молам усрдно, утврди ми го духот со верата во успехот на делото коешто ми претстои. Удостој ме со храброст, отстрани од мене секоја плашливост. Укрепи ме Боже, за да не рече непријателот на мојата татковина: Го победив, и да ја изгази земјата на нашите татковци, којашто Ти ни ја даде, да ги осквернави светињите Твои и да ги запусти, и така да молкне величањето на Твоето име на јазикот на нашите претци. Помогни ми, Боже, мене и на сите нас, коишто ги собрала правдата на нашиот народ, да ги истераме и победиме противниците и да го смириме нивното непријателство. Стани, силен Господи, и натерај ги во бегство сите коишто непријателствуваатпротивнаси распрсни ги со Твојата десница. Самите нека паднат возамката што за нас ја распослале за да нè уловат. Ти благоволиш спрема праведните, и Твојата милост не ја изоставашспрема оние коишто не ја сакаат неправдата и се противат на насилството. Затоа смело пристапувам кон Тебе и ја барам Твојата помош. Дај ми го штитот на Твоето спасение, запази ме безбедно да го минам овој ден, развесели го моето срце со победата и пострами ги моите непријатели. Кој е пододобен на Тебе, Господи? Ти си Бог на силите и на спасението, Ти си Тој Којшто секогашнè правиш победници. Затоа секогаш Те славиме и величаме, сеподателу Боже. Господи на силите, биди со нас! Амин!

Поврзани молитви

Молитва во жалости

Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…

Молитва за нашите покојни

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…