Молитви кога сме во душевни таги и неволји

Молитви за време на земјотрес

1 Боже велик, страшен и чуден, велик и вистинит, којшто сè правиш и преправаш, погледнуваш на земјата и таа се тресе, ги допруваш планините и тие димат, стресуваш сè на земјата од основи и столбови, ги подигнуваш и ги закрепуваш земните основи со еден замав, од Тебе сè се плаши и трепери од лицето на твојата сила, зашто неподнослив е Твојот гнев и негодување против нас грешните, а непостижлива и неискажана е милоста на твоето ветување. Сам, Господи, спомени си на Твоите штедрости и дај ни милости што се од секогаш: закрепи го созданието, утврди ја земјата при разнишувањето и утврди ја разнишаната вселена, и не нè погубувај со нашите беззаконија, ниту осудувај нè со нашите гревови во преисподната земја. Зашто Ти си наш Бог, Којшто милува и спасува, затоа Тебе Те прославуваме, Отецот, и Синот, и Светиот Дух, сега, секогаш и во вечни векови. Амин. 2 Небески Цару, човекољубив, долготрпелив и многумилостив Господи, погледни од Твоето свето живеалиште, види го нашето страдание, не казнувај нè со Твојот гнев, не предавај нè при непријателскиот напад, ни во рацете на непријателот, ни во рацете на злодејците, ниту да погинеме во пропаста, за да не речат неверниците: Каде е нивниот Бог? А ние сме Твои луѓе и овци на Твоето стадо и со Твоето име се именуваме. Ти имаш својствена благост, закрили го овојград (или : село, или: манастир), имаш молителка Богородица, Која, Слово, Те родила, го имаш соборот на апостолите и множеството на маченици и преподобните, Прими ги нивните молби за нас грешните и очајни луѓе, и спаси го, незлобив Боже, Твоето наследство.

Поврзани молитви

Молитва во жалости

Милосрден Боже, Којшто никого не го искушуваш повеќе од неговите сили и Којшто си ги впишал сите мои дни во Твојата книга, дај ми вистинско христијанско…

Молитва за нашите покојни

Боже на духовите и на секоја плот, Којшто си ја урнал власта на смртта и владееш над живите и мртвите, извор на привремениот и на вечниот живот, Којшто не ги…