Вечерни молитви

Молива кон Господа Исуса

Седржителу, Слово на Отецот, Исусе Христе, Ти си единствен совршен. Поради Твоето големо милосрдие, Ти се молам, никогаш не оддалечувај се од мене,Тво­јот слуга, но секогаш живеј во мене. Исусе, До­бар Пастиру на Твоето стадо, неоставај ме на ѓаволските искушенија, бидејќи во мене има семе на гревот. Господи Боже, Тебе Ти се поклонувам, Царе свети, Исусе Христе, чувај ме во сонот преку силата на Твојот Свет Дух, преку Кого си ги осветил Твоите ученици. Господи, дај ми го и мене, на Твојот слуга, Твоето спасение. Просвети го мојот ум со светлината на Твоето Евангелие, душата – со љубовта кон Твојот Крст, срцето – со чистотата на Твоето слово, телото мое – со Твоите големи страдања, мислата моја запази ја со Твоето смирение и крени ме нав­реме да Те славословам, зашто си Прославен со Беспочетниот Твој Отец и Пресветиот Твој Дух во вечни векови. Амин.

Поврзани молитви

Воведна молитва

Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух. Амин. Господи Исусе Христе, Сине Божји, помолитвите на Твојата Пречиста Мајка, на преподобните и богоносни отци наши…

Молитва кон Господа

Вечни Боже и Царе на секое создание, Ти ме удостои да живеам до овој час. Прости ми ги гревовите што ги направив со дело, зборови и помисли, и исчисти ја,…

Молитви кон Пресветиот дух

1 Господи, небесен Царе, Дух на вистината, смилувај се на мене и помилуј ме мене грешниот Твој слуга, прости ми, мене недостој­ниот, сè што сум Ти згрешил…